Астронаут од вселената се врати и помлад и постар од својот помлад брат близнак!

0
По 340 дена поминати во вселена, американскиот астронаут Скот Кели и неговиот руски колега Михаил Корњенко, пристигнаа на Земјата. Додека Кели беше 27.000km оддалечен од нашата планета, неговиот брат близнак го чекаше долу на Земјата.
Враќањето на астронаутот за браќата бил емотивен момент, а за научниците прилика за необичен експеримент.
Скот Кели додека бил во вселената редовно давал примероци од неговите телесни течности, а истото го правел и неговиот брат Марк.
Следењето на нивното здравје преку примероци од телесни течности дало интересни резултати – утврдено е дека живеењето во различна средина влијае на нашите гени, изглед и здравје.
Она на што посебно сакаат да обрнат внимание научниците се теломерите.
Теломерите се делови од нашата ДНК кои се наоѓаат на крајот на секој хромозом. Нивната улога е да ја штитат нашата ДНК и имаат значајна улога во процесот на стареење на организмот.
При секоја делба на клетките, теломерите се скратуваат. Кога ќе станат премногу кратки, организмот е подложен на различни болести.
Она што сакаат да го покажат е дека радијацијата, безтежинската состојба, промените во исхраната и други карактеристики на живеењето во вселена можат да влијаат на скратување на теломерите на Скот Кели. А, она што сакаат да го утврдат научниците е колку брзо ќе старее Скот.
Сподели.


Коментарите се затворени.