Овој човек се развел, пропил, останал на улица, а потоа Бог погледнал кон него!

0
На бездомникот од Аспен, Мајкл Енгфорс му се насмевнала среќата кога на лотарија добил награда од 500.000 долари. Во ливчето уложил 10 долари.
– Мајкл никогаш не се откажа. Знаеше дека среќата ќе му се насмевне – изјавил Џереми Ковалис, директор во Центарот за бездомници во Аспен за телевизија од Денвер.
Инаку, Мајкл во последните неколку години се соочил со развод, проблеми со алкохолот, а ги загубил домот и работата.
Скромниот Енгфорс изјавил дека со парите ќе купи еден пар скии, но најпрво ќе се поврзе со ќерката која ја нема видено 20 години.
Сподели.


Коментарите се затворени.