Маслиново масло – чувар на вашето здравје и убавина

0

Екстра вирџин маслиновото масло е извор на здравје и убавина. Грција троши повеќе маслиново масло од било која друга земја (околу 26 литри по глава на жител годишно), а познато е дека медитеранската кујна носи помал ризик од малигни, срцеви заболувања, или појава на Паркинсоновата или Алцхајмеровата болест.

Основен извор на маснотија нека ви биде маслиновото масло затоа што тоа е добар извор на витамин Е, витамин К и други витамини. Исто така, содржи моно незаситени здрави масти. Ако редовно го употребувате маслиновото масло ги превенирате кардиоваскуларните болести. Тоа, исто така, дејствува антивоспалително, ја превенира оксидацијата на холестеролот во телото и со тоа ве заштитува од мозочни крварења.

Кај жените кои се во менопауза ги намалува валунзите, превентивно дејствува на појава на дијабетес и подоцнежната животна старост, ја намалува опстипацијата (затворот) и ја превенира појавата на карциномот на дебелото црево. Покрај сето ова маслиновото масло го подобрува квалитетот на кожата, ги зајакнува ноктите и косата и е докажано средство против стареење и претставува вековна тајна за убавината на многу убави жени низ историјата.

Сподели.


Коментарите се затворени.