Неверојатно: Просјак заработува повеќе од премиерот!

0

Лажниот просјак кој дневно успева да извлече и до 500 фунти од граѓаните, ја подигна на нозе цела Велика Британија.

Според тврдењата на градските власти, во Велика Британија енормно е зголемен бројот на лажни просјаци, а некои од нив дневно заработуваат и по 500 фунти. Тоа на годишно ниво е „заработка“ од 130. 000 фунти, плата поголема од онаа на британскиот премиер, Дејвид Камерон.

Најголем дел од просјаците имаат домови, но парите ги трошат на алкохол. Токму такви се професионалните просјаци, кои не се бескуќници, туку имаат пристојни имоти.

Наивните граѓани секојдневно се сожалуваат и оставаат по некоја фунта за просјаците, па и обичните луѓе решија просењето да биде нивна работа и со тоа им го зафаќаат местото, на оние бескуќници и просјаци на кои навистина им е потреба парична помош.

Сподели.


Коментарите се затворени.