Единствена ситуација во која е дозволено тетовирање на бебе

0

Корисникот на Reddit под името Thrwydad е татко на близнаци, 12 месечните Адам и Арон. Момчињата се прерано родени и малиот Арон има големи здравствени проблеми. Поради нивниот идентичен изглед тешко е да ги распознае и токму тоа може да биде причина за некоја фатална незгода.

Секој четири часа тој мора да добива лекови. Доколку не ги добие лековите, има тешки последици. Момчињата имаат 12 месеци и се целосно идентични. Дури за да ги разликуваме, мојата сопруга Арон секој ден го означува со посебен маркер за чувствителна кожа.

Кога момчињата биле кај нивната баба, таа ги избањала, ознаката се избришала и таа случајно лековите на Арон му ги дала на Адам. Тогаш двајцата завршија во болница. Оваа екстремна ситуација не сакаме никогаш повеќе да не се повтори, не смееме да ризикуваме. И претходно се случувале замени, но никогаш волку опасни.

Ги тестиравме сите привремени решенија, но сега бараме трајно. Пронајдов совет за тетовирање на точка или бушење на уво. Можев да ги изгубам двајцата синови и ичаен сум, напиша таткото на Reddit.

Се смета дека тетовирањето е единствено вистинско решение, но и понатаму е во дилеми дали смее или не смее да го направи тоа. Поголемиот дел од корисниците веднаш му пружија подршка, а некои од нив се нашле во слична ситуација и ги тетовирале своите близнаци.

Во поголемиот дел од земјите на светот, тетовирањето за личности помлади од 16 години е незаконско. Експертите сепак мислат дека ваквата ситуација за тетовирање на детето е во целост оправдана. Мала точка на дното на стапалото на детето не може да му наштети на здравјето, но може да го спаси животот во екстремни ситуации како погоре опишаната.

Сподели.


Коментарите се затворени.