Само што се породила ја однеле во другата соба да умре, но се случило чудо!

0
Патрисија и Лу биле воодушевени кога дознале дека таа е бремена и ги чека бебе. Но само неколку дена подоцна, рутинската контрола ги згрозила родителите. На Патрисија и била дијагностицирана леукемија.
“Толку бев возбудена што ќе станам мајка, а во исто време размислував дали моето дете воопшто ќе има мајка”, вели Патриција.
Лекарите кажале дека шансата Патрисија да преживее е 15 проценти па ја советувале да ја прекине бременоста. Но Патриција одлучила да го носи детето додека може. Токму кога почнала да се соочува со тоа дека можеби нема да живее доволно долго за да го роди детето, прочитала нешто што променило се: статија за чување крв од папочна врвца која би можела да ја спаси. Матичните клетки на бебето би можеле да ја излечат нејзината леукемија.
Лекарите биле скептични, но Патрисија верувала дека тоа ќе и го спаси животот. “Бебето ќе ми го спаси животот, бев уверена во тоа”, рекла Патрисија.
Неколку месеци подоцна, во 31 недела од бременоста Патрисија имала индуцирано породување. Исто како што лекарите претпоставувале и се плашеле, Патрисија умирала додека се породувала.
Она што следело, може да се нарече чудо!
Патрисија не се радувала долго на својата ќерка, веднаш ја однеле на интензивна нега и добила силна доза на хемотерапија. Бебето не можела да го види освен на сликите кој и ги покажал нејзиниот сопруг.
“Дојдов до момент кога нејќев да ги гледам сликите. Се чуствував виновно. Моето дете е на друг одел, на ист кат, а јас бев преслаба и немоќна за да го посетам. Се чуствував како ужасна мајка.”
Очајни биле и лекарите. Патрисија била на листата на кандидати за коскена срцевина, но сепак немало соодветен донатор. Можеле да ја спасат само така што потполно би ја убиле коскената срцевина, но исто така би го уништиле и имунолошкиот систем, па дури и најмала инфекција би била опасна по нејзиниот живот.
Тогаш се одлучиле да извршат трансплантација на матични клетки од нејзината ќерка, а тоа и го спасило животот.

Сподели.


Коментарите се затворени.