Спасен животот на 7-месечно бебе во последната минута од трансплантацијата на срцето

0
Линколн Сиају, бебе од само седум месеци на кое срцето престанало да му работи на операциониот стол, во живот се вратил во последната минута кога му е трансплантирано ново срце.
Линкот е роден 14-ти јули минатата година со вродена срцева мана поради која срцето не му израснало на местото на кое требало.
Веднаш по раѓањето имал неколку операциони зафати со кои лекарите овозможиле проток на крвта низ неговото тело. Неговото срце не работело нормално па поради тоа му била неопходна трансплантација.
По неколку месеци чекање на ново срце за трансплантација и минута откако што стигнал во болницата во Сиетл, неговото срце престанало да работи додека бебето се наоѓало на операциониот стол. Веднаш потоа лекарите утврдиле дека нема отчукување на срцето, па пристапиле кон трансплантирање. Се се случило во 12 минути, инаку овој процес трае околу еден час.
“Неговото срце сега е толку силно”, рекла неговата мајка Минди по операцијата.
Минди и нејзиниот сопруг Роб кои по потекло се од Алјаска се преселиле во Сиетл поради медицинската нега за Линколн. Тие и лекарите веруваат дека детето ќе има нормален живот без компликации.
“Моето бебе се врати. Пред него е тежок пат, но неговиот напредок уште сега е неверојатен”, истакнала Минди.
Сподели.


Коментарите се затворени.