ДЕТЕНЦЕ ИТНО ПРИМЕНО ВО БОЛНИЦА, НО ТОА ШТО СЛЕДИ ЌЕ ВИ ГО СКРШИ СРЦЕТО!

0

Лекарот со брзање влезе во болницата, откако бил повикан итно на операција. Во тоа брзање, се пресоблекол и отишол право на хирургија. Таму наишол на маж кој нестрпливо одел горе-доле по ходникот… чекајќи лекар.

Кога го здогледа докторот, мажот викнал: „ Зашто дури сега доаѓате“? Помина цела вечност, животот на мојот син е во опасност. Зар немате никаво чувство за одговорност? Лекарот се насмеал и рекол: „ Жал ми е, не бев во болницата, а дојдов најбрзо што можев по добивањето на повикот. И сега, сакам да се смирите за да можам да ја работам својата работа.

– Да се смирам? Како би ви било на вас, вашиот син да е во оваа соба, дали вие ќе бевте смирени? Вашиот син да умира, што би направиле вие?, го прашал бесно таткото.

Лекарот повторно се насмеа и одговори: „ Јас ќе ви го кажам само тоа што пишува во Светата книга: Од прав сме настанати и во прав ќе се вратиме. Благословено е името Божјо. Лекарите не можат да го продолжат животот. Јас сега одговарам за вашиот син и ќе направам се што е во мојата моќ“.

„Одлични совети… поготово кога не сме загрижени, кога не се работи за сопственото дете, лесно е да се паметува, промрморел таткото.

„Операцијата траела неколку часа, а потоа лекарот од операционата сала излегол среќен. „ Фала ти Господе! Вашиот син е спаСЕН!“ И не чекајќи одговор од таткото лекарот продолжил и само рекол: „ Ако имате уште прашања, прашајте ја сестрата“.

– Зошто е толку арогантен? Тој не можеше да почека ни една минута, да го прашам неколку прашања, да бев претседател на државата сигурно така немаше да се однесува, но јас сум само обичен човек“, искоментирал таткото кога ја сретнал сестрата по некоја минута откако си заминал лекарот.

„Сестрата со солзи во очите му одгворила: „ Синот на докторот почина вчера во сообраќајна несреќа, дојде денеска на операција од погреб за да го спаси вашиот син. И сега кога го спаси вашиот син замина достоинствено да се прости од својот син за последен пат“.

Сподели.


Коментарите се затворени.