Е ВАКА СЕ ПРАВИ: Оваа компанија им подели по 16.000 денари на работниците поради рекордна добивка!

0

Подравка лани остварила 400 милиони куни (повеќе од 52 милиони евра) добивка, а според Колективниот договор, на работниците мора да им подели два отсто – милион евра.

Секој работник благодарение на рекордниот резултат на компанијата веќе оваа пролет би требало да добие по околу 2.000 куни (околу 16.000 денари) еднократна стимулација, односно награда за добриот бизнис резултат.

Според одредбите на важечкиот Колективен договор склучен помеѓу раководството и синдикатот, за работниците е пропишан извонреден стимулативен дел од плата под услов да се оствари планираната нето добивка на Подравка.

Фото: Pixabay

Сподели.


Коментарите се затворени.