Загриза богатство: Пронајде редок бисер во својата вечера

0

Гостинка во ресторан во САД пронашла редок виолетов бисер додека вечерала предјадење од школки и други морски плодови.

Линзи Хаз вечерала со својот сопруг Крис во италијанскиот ресторан „Монталчино“ во Исакуах кога наеднаш загризале нешто тврдо во своето предјадење од школки.

Хаз не била сигурна за каков предмет се работи, па го ставила во џеб и го однела дома. Откако му се обратила на стручњак за скапоцени камења, утврдено е дека се работи за редок виолетов бисер „квахог“, вреден над 600 долари.

Се работи за еден од најретките бисери кој може да се пронајде во една од милион школки.

Од италијанскиот ресторан порачуваат дека се среќни поради ова ретко откритие. Линдзи изјави за телевизијата Комо дека планира од бисерот да направи ѓердан.

Сподели.


Коментарите се затворени.