Со украден ваљак направил сообраќајна несреќа

0

Со тешки телесни повреди скршеница на карлица и ребра се здобил 62 годишниот Љ.Н од Кочани кој управувајќи работна машина ваљак марка “Хуман”, излетал од патот. Сообраќајната несреќа се случила вчера на локалниот пат с. Лешки- Кочани.

На 62 годишниот кочанчанец му била укажана помош од ЈЗУ Кочани, по што од таму е препратен во Клиничката болница во Штип.

Имено, според информациите на СВР Штип пред незгодата Љ.Н. извршил кражба на работната машина „хаман“, сопственост на „Жикол“ Струмица. Увид извршила екипа од ПС Кочани.

каналплус

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb