Само овој понеделник храбрите девојки може да направат вакво нешто

0

За денот кој доаѓа само еднаш во четири години постојат многу верувања.

Според некои, децата родени на 29 февруари се посреќни.

Во Ир­ска, Фин­ска и во Шкот­ска, пак, же­ни­те само на овој ден имаат уникатна шанса- да им пред­ло­жат брак на ма­жи­те.

Ова верување потекнува од една ста­ра ир­ска ле­ген­да, според која све­та Бри­ги­да, ир­ска ка­лу­ѓер­ка од пет­ти­от век, го за­мо­ли­ла све­ти Па­трик, све­те­цот-за­штит­ник на Ир­ска, да им да­де доз­во­ла на же­ни­те да им предложу­ва­ат брак на ма­жи­те, по мно­гу­број­ни­те поп­ла­ки од не­ма­же­ни­те же­ни, чи­и­што дод­во­ру­ва­чи би­ле прем­но­гу сра­меж­ли­ви да ги за­про­сат. Све­ти Па­трик се сог­ла­сил, но доз­во­лил тоа да би­де са­мо на 29.февруари, од­нос­но ед­наш на че­ти­ри го­ди­ни.

Традицијата поч­на да се при­ме­ну­ва и низ по­ве­ќе­то де­ло­ви од све­тот по фил­мот „Пре­стап­на го­ди­на“ од 2010 го­ди­на, ро­ман­тич­на ко­ме­ди­ја за Аме­ри­кан­ка што па­ту­ва во Ир­ска за да го за­про­си сво­е­то мом­че.

Сподели.


Коментарите се затворени.