3 најефикасни убијци на лошиот здив!

0

Освен што голем број на медитерански и јадења од останатите кујни е тешко да се замислат без незаменливиот вкус на лукот, тој е една од најздравите намирници која ја одликуваат антибактериски, антивирусни и антиоксидативни својства. Но за да не бидете непријатни за околината заради специфичниот мирис на лукот, испробајте ги нашите корисни совети.

1. Магдонос

Овој зелен зачин ќе ви биде достапен не само во сопствената кујна туку и во ресторан зашто често се користи и за украсување на јадењата. Изџвакајте го веднаш за да можете со помош на моќниот освежувач хлорофил со кој изобилува да го неутрализирате лошиот здив.

Ако сте дома слободно ставете во устата ливчиња со десет ливчиња во устата, а ако по некоја случајност го немате во фрижидерот, посегнете по зачини како анис, нане или каранфилчиња.

2. Лимонада или кришка лимон

Лимонадата ќе ви помогне да го неутрализирате здивот на лукот, но само ако во себе содржи вистински сок од лимон.

Газираните сокови или радлери нема во тоа да ви помогнат, такашто во ресторан е подобро да се одлучите за минерална вода со кришка лимон за да можете да го исцицате неговиот сок.

3. Топол чај

Најмногу за отстранување на лошиот здив помага зелениот чај. Со него ќе го измиете маслото од лукот кое се задржало на јазикот или на забите.

Доколку не сте љубител на зелениот чај речиси еднакво делотворен е и оној од нане, а ако ниту тој не ви е по вкус, одлучете се за било кој друг вид на чаен напиток кој нема да е толку делотворен како наведените, но барем малку ќе ви помогне за освежување на усната празнина.

Освен овие помагачи после јадење секако измијте ги забите, исчистете ги со забен конец, а устата исплакнете со течност за уста. Дури тогаш можете да бидете сигурни дека од лукот останало само она позитивното кое веќе го снабдува вашето тело, додека единствената негативна нус појава – лошиот здив, е сигурно неутрализирана.

Сподели.


Коментарите се затворени.