Ова е најмодерната библиотека во светот!

0

Откако светот забрзано почнува масивно да се дигитализира, се чини дека урбанизирањето и инвестирањето во зголемување на човечкиот капацитет на просторот, е најпаметниот и најпрофитабилниот начин библиотеките да опстанат.

Па така, на универзитетот во Амстердам, дизајнерските фирми „Roelof Mulder“ и „Bureau Ira Koers“, ја претворија веќе постоечката библиотека распослана на 27.000 квадратни метри, во огромна студентска читална која можат да ја користат од 1.500 до 2.000 луѓе одеднаш, секојдневно.

Наместо огромни полици со купишта книги, кои зафаќаат премногу место, дизајнерите ја смислиле елегантната црвена соба.

Таа се состои од илјадници црвени пластични фиоки, во кои ќе ја најдете книгата што сте ја нарачале онлајн, преку соодветниот сериски број.

Останатиот новосоздаден празен простор е максимално модерно искористен и служи да ги пречека корисниците, овозможувајќи им најдобри услови за работа и уживање.

Сподели.


Коментарите се затворени.