петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаСпорт„Бомба“ од Мадрид: Роналдо се враќа во Реал, на повидок трансфер кој...
spot_img

„Бомба“ од Мадрид: Роналдо се враќа во Реал, на повидок трансфер кој ќе ја стресе фудбалска Европа!

Кристијано Роналдо летово ќе го напушти Манчестер Јунајтед и би можел да се врати во Реал Мадрид. Се подготвува голем кам-бек во Шпанија!

Манчестер Јунајтед одлучи од следната сезона да биде предводен од Ерик тен Хаг, а сите едвај чекаат да видат како ќе изгледа летниот преоден рок на „Олд Трафорд“, бидејќи пет фудбалери веќе се пречкртани од престојот во Манчестер.

На таа листа се наоѓа и Кристијано Роналдо кој не е во плановите на Тен Хаг. Холандскиот тренер смета дека КР7 нема да се вклопи во неговата фудбалска филозофија и затоа е подготвен да го пушти Португалецот да замине.

Англискиот весник „Мирор“ објави дека Тен Хаг тоа наскоро ќе му го соопшти на Роналдо, а дека португалскиот напаѓач веќе е свесен за тоа и затоа веќе му наредил на својот агент Жорж Мендеш да му најде нов клуб.

Според овој медиум, Роналдо е пред враќање во Реал Мадрид и тој трансфер дефинитивно ќе ја потресе цела Европа. Мендеш веќе е во контакт со поранешниот шеф Флорентино Перез и полека се „готви“ спектакуларно враќање на местото на успехот.

Познато е дека Реал Мадрид се откажа од Роналдо во летото 2018 година, кога Португалецот замина во Јувентус за 117 милиони евра, а трите сезони во Италија, односно последната во Англија, не беа сјајни за капитенот на Португалија.

Останува Анчелоти да го одобри трансферот што никој не го очекуваше. Не се случува често Реал Мадрид да ги „врати“ играчите кои веќе ги има отпишано, сепак, со Роналдо би можеле да направат исклучок. Кристијано е најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид со 450 гола на 438 натпревари. Тој има и 132 асистенции за девет сезони.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ