четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаДоста политика, време е за борба за работничките права - ССМ најави...
spot_img

Доста политика, време е за борба за работничките права – ССМ најави протести наместо скара на Први мај!

Масовен синдикален протест со кој ќе се изрази револтот кај работниците од незголемувањето на останатите плати со порастот на минималната плата најавуваат од Сојузот на синдикатите на денот на трудот. Главните барања се линеарно зголемување на сите плати и сабота неработен ден .

Протести наместо скара за Први мај- меѓународниот ден на трудот, затоа што не се почитуваат доволно работничките права во земјава, најавува Сојузот на Синдикати на Македонија.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски најавува масовен синдикален протест в недела, со кој работниците ќе испратат порака до властите и работодавците за повисоки плати.

Тој во интервју за Радио Слободна Европа кое што в целост ќе се објави в недела, вели дека клучни барања на овој протест ќе биде право за регрес за сите работниците како во приватниот така и во јавниот сектор, како и нова Методологија за усогласување на сите плати покрај минималната плата.

„Сметаме дека покрај недела неработен ден, треба да се врати и правото за сабота неработен ден, затоа што знаеме дека нашите родители го уживаа тоа право. Доколку се работи во сабота онаму каде што е неопходно, тоа треба достоинствено да се плати затоа што општеството ни се подели на работници кои работат 24/7 и работници кои што ги викаме ние – газди кои уживаат по монденски места и одат по одмори. Не треба да правиме таков јаз во општеството, законите треба за сите да важат подеднакво“, вели Димовски.

Кога станува збор за недела неработен ден, Димовски вели дека од почетокот на спроведувањето на законот со сега до ССМ се пристигнати пријави против речиси 5 илјади правни субјекти во јавниот и приватниот сектор за непочитување на законот за работни односи.

„На големо жалење, морам да кажам дека во јавниот сектор тоа право се прекршува во здравствените установи, во дел од јавните претпријатија и дел од компаниите кои се занимаваат со енергетика. Додека најголеми прекршувања во приватниот сектор има во секторот трговија, онаму каде што некои несовесни работодавачи ги повикуваат работниците тој ден на работа и ги прикриваат и несоодветно ги плаќаат за тој ден“, вели Димовски.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ