За бизнис, освен идеја требаат и пари. Европа на фирмите од регионот им нуди до пет милиони евра!

0

За бизнис, освен идеја требаат и пари. Европа на фирмите од регионот им нуди до пет милиони евра, преку програмата Хоризон 20-20.
Финансирањето е насочено кон малите и средни претпријатија, односно кон конкурентност и иноватиност на приватниот сектор :
„Прилагодена е да се аплицира на многу поедноставен начин, дозволено е да аплицираат и поединечни фирми, без партнерства“, објасни Ристо Иванов, координатор на проект Хоризон 2020.
Аплицирањето за средства од програмата е директно во Брисел, од каде одобрувањето и финансирањето на проектите се врши во три фази :
„Во првата фаза финансирањето изнесува 85%, тоа е 50.000 долари. Во втората фаза финансирањето е до 50% и изнесува од 800.000 до 1,5 милиони евра и третата фаза е до 5 милиони евра за проширување на бизнисот“, рече Иванов.
Токму грантовите, се она што малите и средни претпријатија од регионот ги интересира најмногу. Ова се потврди и на работните средби со нив, преку Бизнис центарот за развој на мали и средни претпријатија :
„Најголема заинтересираност има за поволностите кои државата ги нуди на компаниите и за грантовите од Европа“, кажа Александар Николов, координатор за рамномерен регионален развој.
Со цел подобро запознавање со овие програми, минатата година во осумте плански региони беа формирани Бизнис центри за поддршка на малите и средни претпријатија. За новата програма Хоризон 20-20, компаниите имаа можност да слушнат денес на информативниот настан што вчера се одржа во Штип.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb