Одлични вести: Погледнете колкава ќе биде минималната плата во Македонија!

0

Уставот на Република Македонија во одредбата од чл. 32 ст. 2 на секој вработен му гарантира право на соодветна заработувачка.

Вака конституираната уставна одредба нормативно-правно е операционализирана со прописите од областа на трудовото законодавство. Во чл. 107 од Законот за работните односи е пропишано дека платата на работникот за работа со полно работно време не може да биде пониска од минималната плата утврдена според закон и колективен договор.

Постојниот Закон за минимална плата пак, во одредбата од чл. 4 ст. 1 ја утврдува висината на минималната плата која изнесува 10.080 денари во нето износ. Во продолжение, во истата одредба е пропишано дека Министерството за труд и социјална политика, по претходно прибавено мислење од Економско- социјалниот совет ја објавува висината на минималната плата во бруто износ во службено гласило на Република Македонија, во март секоја година за тековната година и таа се усогласува со порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во државата за претходната година, според податоците објавени од Државниот завод за статистика (ст. 2 и 3). Речиси и да е неподелено мислењето дека актуелната легислативна рамка се покажа како несоодветна и неодржлива во повеќе свои сегменти.

Прво, пропишаниот износ на минимална плата – 10.080 денари, многу тешко може да одговори на потребите на граѓаните за пристојно живеење и намирување на основните месечни расходи, па, како резултат на тоа, константно расте бројот на кредитно задолжени лица. Второ и не помалку важно е дека Законот не е во можност да ја оствари основната цел поради која е донесен, а тоа е да обезбеди полна минимална плата за вработените со најниски месечни примања кои работат во производството на текстил, производството на облека, кожа и производи слични на кожа, на кои впрочем и најмногу се однесува текстот на законот. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на вработени во овие оддели изнесува 50.209. За нив, уште од самото донесување на Законот за минимална плата се предвидуваше усогласување за период од три години (односно, од 2012 до 2014 година), за да во 2014 година тоа усогласување се продолжи до 2018 година.

Токму за вработените во наведениве оддели, актуелната легислатива предвидува минимален износ на плата што ни оддалеку не соодветствува на нивниот севкупен работен ангажман, доведувајќи ги на тој начин, во мошне неповолна позиција. Во 2015 година на пример, висината на минималната плата за овие категории на вработени лица изнесува (ше) 8.050 денари, т.е. 9.000 денари во 2016, за 2017 година, предвиден е минимален износ на плата од 9.590 денари, за да конечно, во 2018 година достигне минимален праг од 10.080 денари. Повеќе од јасно е дека погоре пропишаниот минимум на плата за вработените во текстилната и во кожената индустрија не може да ги задоволи 4 нивните основни егзисенцијални потреби, а уште помалку, да претставува правичен еквивалент на вложениот труд и време за постигнувањето на конечниот резултат.

Оваа теза ја поткрепуваат уште и поновите статистички показатели објавени од Сојузот на синдикати на РМ. Според овие податоци, најголем дел од семејниот буџет, или 13.471 денари одат на потрошувачката за храна, а 10.354 денари се потребни за домување, во којшто износ се опфатени и комуналните трошоци и оние за покуќнина. Сметаме оттука, дека е неопходно да се пристапи кон натамошно ревидирање на важечките одредби, а главните причини за тоа треба да се бараат во настојувањето и грижата за подобрување на социјалната положба и благосостојбата на граѓаните, спречување на експлоатацијата на работниците од страна на работодавачите, обезбедување минимум прифатлив стандард на живот за вработените со најниски примања водејќи притоа, сметка и за искуствата на државите од регионот и од поширокото опкружување. Во таа насока, со предложените законски решенија се предвидува зголемување на висината на минималната плата во Република Македонија, од досегашните 10.080 денари, на 18.080 денари. Сметаме дека ваквата цел може да се постигне со покачување на платата за 10% во наредните 10 месеци, почнувајќи од 1 март 2016 година.

Ако на ова место, ги земеме предвид искуствата на државите од регионот, констатацијата до која се доаѓа е дека Република Македонија, Косово и Србија се наоѓаат на листата на држави со најниска минимална плата која во просек, изнесува околу 10.000 денари (или околу 170 евра). Во Република Хрватска, на пример, минималната плата изнесува 372 евра (или околу 23. 000 денари во денарска противвредност), додека во Словенија, овој износ е фиксиран на 790 евра (или пресметано во денарска противвредност, 48. 375 денари). И анализата на податоците од Еуростат ја потврдува тезата дека во споредба со државите од Европската Унија, Македонија регионално гледано, спаѓа во групата на држави со најниско утврден минимален праг на плата (исклучок претставува единствено Бугарија). Едновремено, Предлог-Законот настојува да ги адресира потребите на вработените со најниски месечни примања, а тоа се оние кои работат во текстилната и во кожената индустрија. Логично е и оправдано предложениот износ на минимална плата од 18.080 денари подеднакво да важи и за лицата вработени во наведениве дејности.

Задржувајќи се на оваа категорија на вработени лица треба да се споменат уште и некои од мерките што Владата ги презема, во насока на поттикнување на што е можно повеќе странски компании да дојдат и да инвестираат во РМ. Како резултат на тоа, во 2007 година беше усвоен Законот за технолошки индустриски развојни зони, а неговата основна цел е да се овозможи забрзување на економскиот развој по пат на привлекување на странски и домашен капитал за развој на нови технологии и нивна примена во националната економија, зголемување на конкурентноста и зголемување на вработувањето (чл. 2).

Но, паралелно со законски предвидените погодности за инвеститорите во технолошките индустриски развојни зони (даночни и царински ослободувања и олеснувања, помош за обука и усовршување на корисниците на зоната кои 5 обезбедуваат нови вработувања, вклучителнно и други погодности (чл. 5 – 9), сведоци сме на ситуација во која вработените се изложени на сериозни ограничувања, потешкотии и несигурност за својата егзистенција, при што минималната плата стана како основа за ниско вреднување на трудот на вработените.

Просечната плата во овие компании е за 100 евра пониска од просекот на платите во Република Македонија. Токму ова е и една од главните причини за ревидирање на Законот за минимална плата, чиишто решенија неосновано и сосема погрешно, предвидуваат поинаков (понизок) минимум на плата за вработените во погоре споменатите дејности

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb