Толку од сонцето, подгответе се за дожд

0

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека до вторник ќе преовладува претежно стабилно и потопло време.

Сепак, од среда нашето подрачје ќе биде под влијание на неколку влажни бранови кои ќе условат променливо облачно и ветровито време со повремени локални врнежи од дожд.

Повеќе врнежи се очекуваат во среда, особено во западните делови, каде на планините во вечерните часови врнежите ќе бидат од снег. Во среда попладне и во четврток повремено ќе дува засилен југоисточен ветер.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb