За две недели во Источна Македонија се склучени три малолетнички бракови!

0

Три малечки невести доби крајниот исток за две недели. Најмалата, која е од Делчево, има само 13 години,а нејзиниот одбраник од Берово има 16. Тие денес живеат во ромското маало од Берово. Љубовта, велат за ТВ Стар младите сопружници, била пресудна што тие решиле да го прекинат детството.
„Јас имам 16 години, невестата 14 и многу сме среќни“, вели малолетен младоженец.
„Мораме да ја прифатиме, штом тие така одлучиле. Само да се живи и здрави“, вели мајка на младоженецот.
Малолетничките бракови, сепак ,не наоѓаат одобрување во ромската заедница., предизвикот што го носи брачната заедница во комбинација со прекинатото детство,сега нема да им тежат само на младите, туку и на нивните семејства.
„Не ги оправдувам затоа што немаат работа, женидбата не е едноставна работа“, вели жител на Берово.
Во регионот, каде одамна не се регистрирани малолетнички бракови, сега се ставаат на испит и социјалните работници и психолозите, но и невладиниот сектор.
„Малолетнички бракови во последната година немаме, но во претходните години имаме по два до три случаи“, вели Виолета Фурнаџиска, в.д. директор на Центарот за социјални работи Берово.
Евиденцијата на беровскиот Центра за социјални работи зборува дека , сепак, повеќе малолетнички бракови склучуваат македонските девојчиња.
Ова го потврдуваат истражувањата и од невладиниот сектор за периодот од 2007-2012 година,кога е евидентирано дека во малолетнички бракови најмногу стапуваат македонските девојчиња. Од 107 малолетници кои стапиле во брак, 46% се од македонска етничка припадност, додека само 17% од ромска.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb