ФОТО: Горд татко низ фотографии ја раскажа трансформацијата на својата сакана по породувањето

0

Горд татко и сопруг решил на Reddit да ги сподели фотографиите од неверојатната трансформација на својата сопруга која за 10 месеци изгубила 29 килограми и добила мускулесто тело.

44-годишниот Мет Матеј пред две години го добил своето второ дете и додека нивниот извор на радост се менувал во тој период, трансформацијата на неговата сопруга била уште поневеројатна.

Додека била бремена таа имала 88 килограми, а сега успеала да намали цели 29 килограми.

1sopruga

„Даниела никогаш немаше мускулесто тело, тежината често и се менуваше, но овојпат успеа да има константна тежина и да изгледа здраво. Пред да остане бремена тежеше 72 килограми, потоа дојде до 88 килограми, за сега да изгледа совршено“ – објаснува гордиот сопруг.

Првите 8 месеци таа го доела малечкото девојче. Доењето не само што е здраво за бебето, туку претставува начин и за намалување на тежината на мајката.

Потоа се обидела со програмата „Weight Watchers“, но многу бргу се откажала и започнала сама да се грижи за храната која ја внесува.

2sopruga

„Јас и сопругот јадеме 5 до 6 пати дневно. Храната ја подготвуваме во недела. Јадеме големи количини на протеини и малку јаглехидрати, во зависност од тоа што вежбам. Подготвувањето на храната однапред е многу важна работа, бидејќи така не паѓате на искушението да се откажете од диетата“ – објаснува Даниела.

По 4 месеци од породувањето, започнала да вежба. Секое утро во 10 часот вежба час и половина со тегови и уште половина час кардио вежби.

3sopruga

Очигледно е тешко да се најде време за вежбање и грижа за две деца од кои едното има 4 години, а другото 2, но 36-годишната мајка ги користи дневниот центар за грижа кој го има самата теретана, а секако и помошта на својот сопруг.

„Благословена сум што имам сопруг кој ме поддржуваше во моето патешествие. Тој се грижеше за децата додека јас неколку часа секој ден ги поминував во теретана“ – објаснува Даниела.

5sopruga

Сподели.


Коментарите се затворени.