петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОсмани за клубот „Ванчо Михајлов“: Можеби нема македонци во Бугарија, но...
spot_img

Османи за клубот „Ванчо Михајлов“: Можеби нема македонци во Бугарија, но ние сме демократска држава во која сите граѓани и заедници ги уживаат сите права

Министерот за надворешни работи Бујар Османи даде свој коментар за клубот во Битола, „Ванчо Михајлов“, па истакна дека според Јотова можеби нема македонци во Бугарија, но Македонија важи за демократска држава во која сите граѓани и сите заедници подеднакво ги уживаат сите права.

Османи изјави дека нема да биде дозволено алиби во оваа земја да се газат човековите права на која било етничка заедница, вклучувајќи ја и бугарската.

Тој нагласи дека отворањето на клубови на бугарска заедница е апсолутно неспорно во Македонија.

„Бугарската заедница има таква можност, слобода и охрабрување да се организира и да ги манифестира своите културни и идентитетски атрибути во било која форма, но не на начин што ги провоцира или го вознемирува останатите граѓани.

Не дозволивме Северна Македонија да биде прикажана во светот како земја што ограничува права на било која етничка заедница. Не е моја должност да се грижам за имиџот на Бугарија кои личности ги чествуваат и дали ги признаваат народите како македонците, имаат тие МНР кое треба пред еврејската и светска заедница да објаснат зошто им се важни некои личнсти“, изјави Османи.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ