Брзи и ефикасни трикови за ослободување од подочниците!

0

Подочниците се создаваат заради умор, задржување на течности во телото, стрес, а кај некои луѓе во прашање е генетиката. За среќа, постојат неколку брзи (и ефтини) трикови кои ќе ви помогнат да се ослободите од нив и да изгледате подобро.

1. Изладете компир во фрижидер, исечете го на парчиња, измијте го добро и ставете преку затворени очи. Држете го 10-15 минути, а потоа измијте се и исчистете го лицето со тоник.

2. Стариот добар трик со краставицата навистина е делотворен. Пресечете 2 парчиња и одморете десетина минути со краставици на очите, а потоа измијте го лицето.

3. Ставете 2 лажици во замрзнувач на пет минути, а потоа нежно наслонете ги на очите на неколку минути.

4. Употребуваните вреќички од чај од камилица или зелен чај, зачувајте ги и изладете ги во фрижидер. Наутро ставете на вреќичките капки и ставете ги на очите за да ја изработат својата работа. После 10 минути измијте го подрачјето и исчистете го лицето.

По овие постапки, нанесете хранлив крем за подрачјето околу очите за третманот да биде целосен.

Сподели.


Коментарите се затворени.