Во Охрид ќе се гради најексклузивниот хотел на Балканот, а би требало да изгледа вака?! Фото

0

Креирање на вештачки остров со хотел во Охридското езеро беше една од темите кои ги разработуваа студентите по архитектура во рамки на предметот „Архитектонско студио“ на Факултетот за архитектура во Скопје.

Целта беше да се понуди архитектонско решение на овој сложен проект, кое ќе нуди и програмски концепт за островот, односно што би понудил хотелот, како и начинот на кој тој ќе биде поврзан со градот и ќе понуди уште еден јавен простор за Охриѓани и тамошните туристи.

Објектот кој би имал современа архитектура треба да има природен дијалог со градот и истовремено да се вклопи без премногу да отскокнува во постоечката архитектура на градот.
Студентите по архитектура, Димитар Петровски и Борјан Овезовски кои работеа на оваа тема во рамки на зимскиот семестар на факултетот како решенија понудија  современ висококатен хотел, со форма на цвет, кој нуди плејада од јавни, приватни и комерцијални простори. Хотелот е замислен да биде поставен во близина на кејот во центарот на Охрид, поврзан со мост до градот и да со својот изглед да биде нова, вертикална скулптура во градот.

Посетителите на хотелот и неговите барови имаат панорамски поглед кон стариот дел на Охрид. Објектот има модерни содржини, како транспарентен подводен кат кој на посетителите ќе им нуди поглед на езерската флора и фауна, фитнес центар и галериски простор за културни и општествени активности  или само релаксирано уживање далеку од туристичката врвулица на самиот врв на хотелот.

На Архитектонскиот факултет уште денес ќе може да се погледне изложбата на студентски проекти. Во продолжение прочитајте го описот на Петровски и Овезовски за нивниот проект за хотел на кејот на Охридското езеро.

Повеќе на design.mk

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb