Поскапуваат цигарите во Македонија: Ова се новите цени

0

Ова е еден од измените на новиот Закон за акцизи што е во собраниска процедура. Оваа законска одредба всушност оневозможува на тутунската индустрија да имаат таложење на залихи кај дистрибутерот пред поскапувањето на цигарите со цел да се избегне плаќање на новите акцизи со што директно се оштетува буџетот. Со новиот закон ќе се проверува и магазинот на дистрибутерот и на тој начин нема да се дозволи одлевање на средства од буџетот.

Со член 14 се предлага при промена на акциза и при промена на малопродажна цена на тутунски добра производителот и увозникот да направат попис и записник на затечени залихи на тие добра во своите складови, надвор од истите и во складови на увозникот.

Овластениот дистрибутер прави попис во својот склад и надвор од истиот и во складови на со него поврзани друштва и записникот за извршениот попис го доставува до Царинската управа. Производителот и увозникот ја пресметуваат разликата од старата до новата акциза на затечената залиха кај себе и кај дистрибутерот и доставуваат барање за доплата на акциза до Царинската управа за кое добиваат решение од Царина да доплатат во рок од 30 Оваа измена е дел од европската регулатива за спречување на шпекулативните залихи.

Според календарот за зголемување на акцизите за цигарите, наредната корекција на цените треба да се направи на 1 јули годинава, кога скоро секоја кутија цигари ќе поскапи за околу 3 денари.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb