четврток, април 18, 2024
spot_img
ПочетнаСпортИспишана нова историја: Сашко Кедев го развиори македонското знаме на седмиот највисок...
spot_img

Испишана нова историја: Сашко Кедев го развиори македонското знаме на седмиот највисок врв на светот (ФОТО)

Кардиологот и член на Македонската академија на науките и уметностите, Сашко Кедев, уште еднаш успеа да го развиори македонското знаме, откако успеа да се искачи на Даулагири, планина од планинскиот венец Хималаи, која со својата надморска висина од 8167 метри претставува седмата највисока планина на светот. Кога станува збор за неговите планинарски подвизи, Кедев испиша историја.

Покрај него, на врвот се искачија и 21 член од експедицијата, предводена од тимот на „Мингма Џи“, известија од „The Himalayan Times“. Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и највисокиот врв на светот – Монт Еверест, во 2009 година.

Минатата есен, кардиологот ја искачи и планината Манаслу, која со својата надморска височина од 8156 метри, претставува осма највисока планина во светот.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ