петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип News14 села во штипско останале празни, во село Сушево луѓе има само...
spot_img

14 села во штипско останале празни, во село Сушево луѓе има само за викендите

Според податоците од пописот 2021 година Штип е на врвот по градови кои останале со најмногу празни наслени места. Дури 14 села од штипскиот регион останале без жители, а куќите, празнитештали сведочат дека овде некогаш имало живот. Едно од ваквите места е и селото Сушево. Жителите велат дека младите бараат живот најчесто надовор од државата, градинака требаше да се гради, ама сега нема деца кои би се згижиле во неа. Останале само неколкумина кои сега живеат овде и повремено неколкумина кои доаѓаат на викенд или работат земјоделие.

„Нема работа, кај нас избегаа сите, цело село младите ги нема, партиски многу се примаат и младите со факултет седат дома. “

„Има нешто луѓе, ама обично доаѓаат само за викенд, работат ниви земјоделие“

Зекир Зекиров е родум од подплачковичките села. Тој во село Сушево работи како овчар и на тој начин ја обезбедува својата егзистенција. Вели не е теко да се работи, но многу подобро би било кога би имало народ.

„Малку има, неколку луѓе останале. Стари неколку имаше, до полани беа три четири, сега ги нема ниту тие. Не е тешко, ама поубаво ако има луѓе“

Иселувањата од штипските села, градоначалникот Јорданов вели е проблем кој се провлекува со години наназад, но единстваена надлежност со која би се намалил овој тренд е подобрување на инфраструктурата.

„Тенденцијата е не само иселување надвор од државата, туку и иселување на жителите кои живееле во село да одат во град. Тоа е една појава која ние како Локална самоупрва можеме делумно да ја спречиме, затоа што единствена наша надлежност е да ја подобриме инфраструктурата која можеби би придонела да се намали оваа миграција. Но, сметам дека надлежноста на Централната власт е таа која може диркетно да го спречи иселувањето“ – кажа Јорданов.

Податоците од последниот попис покажуваат дека за пероидот од две децении односно во период меѓу двата пописа во државата животот згаснал во педесетина села.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ