петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsАрхеолошкиот локалитет „Баргала“ ќе се осветлува и оградува наесен
spot_img

Археолошкиот локалитет „Баргала“ ќе се осветлува и оградува наесен

Археолошкиот локалитет „Баргала“ годинава ќе биде во ново руво. Проектот за осветлување и видео-надзор, најверојатно, ќе се реализира наесен оваа година, а бидејќи локалитетот е непресушно место за истражување, ќе се изработуваат и други проекти. Директорот на НУ Завод и Музеј – Штип, Митко Штерјов, вели дека вака „Баргала“ ќе може да прими посетители и во вечерно време, а ќе биде и место за одржување настани.

„Таму оваа година ќе се работи на изготвување проекти, бидејќи минатата година ги истражувавме двата бедема, јужниот и источниот бедем, оваа година ќе се изготвува проект. Се надевам дека од наредната година ќе продолжиме да ги конзервираме бедемите со што ќе ја заокружиме целата целина на бедемите, односно на ѕидовите кои се на локалитетот „Баргала“. Исто така може да истакнам дека оној проект којшто го имаме за осветлување и оградување се надевам дека ќе успееме да го издејствуваме преку Општина Карбинци и ИПР и ќе се реализира, така што мислам дека археолошкиот локалитет „Баргала“ ќе го добие своето потполно значење кога ќе биде осветлен и ќе може и навечер да се прават посети и да може да се прават и некои настани на тој локалитет. Се надевам дека од наесен ќе може да отпочнеме и со тој проект, така што заокружувањето на „Баргала“ барем во една фаза се надевам дека ќе заврши“, истакна Штерјов.

Проектот за осветлување и видео надзор на археолошкиот локалитет „Баргала“ доби зелено светло на седницата на Советот на Центарот за развој на ИПР уште мината година. Тогаш беше истакнато дека оваа инвестиција вреди 6.870.000 денари, а средствата се обезбедени преку Центарот за развој на ИПР и 10% учество од буџетот на Општина Карбинци.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ