среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаСветЗеленски: Повеќе од 3.000 луѓе евакуирани од Мариупол
spot_img

Зеленски: Повеќе од 3.000 луѓе евакуирани од Мариупол

Повеќе од 3.000 луѓе се евакуирани од украинскиот пристанишен град Мариупол, кој е под опсада на руската армија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во видео порака објавена ноќеска, Зеленски рече дека вчера работеле хуманитарните коридори во три украински области – Доњецк, Луганск и Запорожје. „Успеавме да спасиме 6.266 луѓе, од кои 3.071 од Мариупол“, рече тој.

Претходно странските агенции објавија дека евакуираните жители на Мариупол се приклучиле на хуманитарниот конвој во градот Бердјанск, окупиран од Русија, од каде што биле транспортирани во Запорожје. Зеленски не прецизираше дали мисли на овие луѓе.

Тој предупреди дека ситуацијата во источна Украина останува исклучително тешка од воена гледна точка.

Според него, Русија се подготвува за нови напади во источниот регион Донбас и североисточниот град Харков. „Руските трупи во северна Украина се повлекуваат, бавно, но сигурно“, додаде тој.

Зеленски во интервју за Фокс њуз рече дека санкциите против Русија функционираат. „Сепак, казнените мерки треба да се заострат“, повика тој.

Украинскиот претседател во видео обраќање рече и дека повлекувањето на руските трупи зад себе остава „целосна катастрофа“.

Зеленски го предупреди населението во северните региони и периферијата на главниот град Киев да внимава на новото руско гранатирање и напуштените противпешадиски мини.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ