Како до мазна кожа без брчки? Оваа состојка сигурно ја имате во вашата кујна!

0

Прашањето коешто дефинитивно ги измачува повеќето жени е – како навистина да се намалат брчките и како да се измазни кожата на лицето?!

Пред да посегнете по скапите препарати, пробајте ја оваа домашна маска со квасец којашто со сигурност ќе ве воодушеви!

Квасецот со години наназад е познат како природно сретство за нега на кожата и косата. Најчесто се препорачува во борбата против брчките, нечистата кожа и акните. А бидејќи нечистата кожа е во тесна поврзаност со недостатокот од витамин Б, оваа намирница е совршено решение бидејќи е богата токму со тој витамин.

Освен што ја чисти, квасецот ја регенерира сувата и оштетена кожа, ги смирува воспаленијата и ја намалува појавата на брчки.

А за оваа маска потребни ви се само две состојки: квасец и сок од лимон, и тоа е сè!


Измешајте 20 грама квасец во прав со две лажици сок од лимон. Садот во којшто сте ги измешале овие две состојки ставете го во друг поголем сад којшто претходно сте го наполниле со врела вода и оставете да отстои така две до три минути. После тоа, нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да отстои 20-тина минути. На крајот, исплакнете го лицето со топла вода и нанесете хидратантна крема.


Оваа маска не би требало да се употребува повеќе од два пати неделно.

Сподели.


Коментарите се затворени.