Македонија во Топ 10 најстресни земји за живеење!

0

Знаеме дека животот во Македонија е стресен, но не очекувавме да се најдеме помеѓу првите десет земји во кои најстресно се живее.

Оваа ранг листа ја направи американската веб-страница Блумберг според седум критериуми: стапката на убиства, куповната моќ, нееднаквоста во приходите, корупцијата, невработеноста, загадувањето на воздухот и очекуваниот животен век.

Македонија се најде на деветото место, зад лидерот Нигерија, Јужна Африка, Ел Салвадор, Монголија, Гватемала, Колумбија, Пакистан и Јамајка, а веднаш зад нас се наоѓа Боливија.

Лидер во најмалку стресните земји е Норвешка, потоа Луксембург, Швајцарија, Шведска и Австралија.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb