Времето денес: Сончево со умерена облачност

0

Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за магла.

Утринските температури ќе се движат од -5 до 2 степена, додека дневните ќе бидат во интервал од 0 до 11 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 0 и максимална дневна до 8 степени.

Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои поинтензивни ќе бидат на запад, каде на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе дува и засилен јужен ветер. Во сабота ќе има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, најмногу на планините во западните делови, каде се очекува повеќе од 50 см нов снег. Во недела во текот на денот врнежите ќе престануваат. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер.

Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb