Кинезите зачекорија во иднината! Направија МЕГАДРОН доволно голем да пренесува патник!

0

Денешнината сѐ повеќе наликува на некогашните научно-фантастични романи. Џиновскиот дрон би можел да се употребува како самоуправувачко такси.

Кинески производител на дронови промовираше џиновски квадкоптер, достаточно голем да собере еден патник. Фирмата ЕХанг тврди дека го гради “првото автономно воздушно возило за пренесување луѓе во светот“. Леталото наречено 184 беше претставено на саемот за електронски производи „Consumer Electronics Show“ во Лас Вегас, САД, и се движи со помош на осум пропелери целосно на електричен погон. „Знаете ли какво е чувството да седите во Ферари? Ова е десет пати подобро“, вели Џорџ Јан, коосновач на Еханг.

Компанијата вели дека 184 е толку самостоен, што сѐ што ќе треба да направи патникот е да го внесе своето одредиште преку смартфон апликација, да се опушти и да остави дронот да ја превземе контролата. Не постои можност далечински да се превземе контролата врз 184. Пилотската кабина е празна и во неа има место само за паметен телефон или таблет и држач за чаша.

др01

„Мислам дека во сите нас го има тоа мало дете кое вели – сакам да летам“, вели Јан. „Не сакам да се здобијам со пилотска дозвола по пет или десет часа летање. Сакам да го правам тоа веднаш. Ние правиме тој сон да се оствари. Сѐ е пресметано за да се избере најоптималната рута за вас, така што не може да се случи судир со другите дронови. На самиот дрон му додадовме софистициран резервен систем, така што ако еден систем потфрли, контролата ќе ја превземе друг. Во случај на итност, патниците ќе можат да го запрат летот и едноставно да лебдат во воздухот.“

др07

ЕХанг 184 е наречен така според: 1 патник, 8 пропелери и 4 нозе. Кога не е во употреба, ќе може да се свитка за полесно складирање. Леталото пред сѐ е дизајнирано за патување на кратко до средно растојание – во просек 15-тина километри, и ќе лета со брзина од околу 100 километри на час. Полетува и слетува вертикално, со што се елиминира потребата за писти. „Масовната примена на 184 има потенцијал да го намали густиот воздушен сообраќај и драматично да се намалат несреќите предзвикани од човечка грешка“, тврдат од фирмата. „184 е најава за иднината за која отсекогаш сме сонувале и целта му е во основа да се измени начинот на кој патуваме.“

др08

184 е две и пол години во фаза на развој и компанијата планира да пушти во оптег комерцијална верзија до крајот на годината, во зависност од безбедносните тестови и идните правила за летање со дрон.

др03

Извор: Мотика

Сподели.


Коментарите се затворени.