На 07.03.2022 во 07.25 во СВР Штип, 37 годишна жена пријавила дека околу 03.20 часот на ул.„Суитлак“ во Штип, настанал пожар на паркирано патничко моторно возило ,,фолксваген голф,, со штипски регистарски ознаки, нејзина сопственост. Пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.