петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМакедонец од Доњецк: Патиштата не се безбедни, евакуацијата не е возможна, состојбата...
spot_img

Македонец од Доњецк: Патиштата не се безбедни, евакуацијата не е возможна, состојбата во овој дел мирна

Областа Доњецк е мирна и таму се очекува денеска да пристигнат над 15.000 Украинци кои бегаат од завојуваните градови. 

Оливер Трајковски е македонски државјанин кој живее неколку години во градот Покровски и сведочи за ситуацијата во оваа област. За сега тој и неговото семејство се на безбедно вели Оливер, но и да сака тој не може да замине за Македонија бидејќи по патиштата е ризично да се вози. Во Доњецката област луѓето функционираат нормало. 

Доњецк е една од областите кои рускиот претседател ги призна како независни со указот кој го потпиша пред да почнат нападите. Втората област е Луганск. 

Македонски државјани се уште не можат да се извлечат од Украина. Дел од оние кои се вратија велат дека сами се организирале без помош од македонските власти. 

Од МНР нема нови информаци дали амбасадорот обезбедил зелен коридор за евакуација на македонските државјани. Според МНР во Украина има уште 50 Македонци, а од нив половина успеале да ги напуштат своите домови и да се упатат кон безбедносните коридори.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ