Најдобрите датуми за венчавка во 2016

0

Според сајтот за венчавки Лавр, кој секоја година ја објавува оваа листа, точно 7 датуми ќе бидат посебно актуелни за свадба во 2016-та.

Понеделник, 29-ти февруари

Затоа што 2016-та е престапна година, тоа значи дека овој датум е реткост која се случува на 4 години. Младоженците кои сакаат да бидат уникатни буквално ќе се тепаат за овој датум.

Сабота, 9-ти април

За математичарите и оние кои веруваат во нумерологија, 4, 9 и 16 се квадратни броеви за кои се верува дека се идеални за „врзување јазли.“

Петок, 13-ти мај

Оваа година ќе има само еден петок 13-ти и токму затоа дел од младоженците кои сакаат да се противат на правилата и суеверијата, ќе го одберат овој датум.

Сабота, 28-ми мај

Совршен пролетно-летен датум пред големите жештини.

Сабота, 3-ти септември

Уште еден преоден датум на кој се уште се чувствува летото, но без претерано потење.

6-ти октомври или 6-ти ноември

Кога ќе ги напишете со борјки 6/10/16 и 6/11/16 – се ви станува појасно.

Сабота, 31-ви декември

Новогодишната вечер оваа година се паѓа во сабота, а тоа значи идеален ден за две прослави во едно.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb