ЗИМСКИ ХОРОСКОП: Еве кој ќе биде „среќна коцка“

0

Овен

Пред нас е уште една зима која Овните ќе ги учи на трпение. Може во одредени моменти ќе пукате по шевовите, но се се учи, додуша на потешкиот начин. Внимавајте на крвниот притисок. Многу ќе ви значи признанието од другите луѓе, бидејќи се случува тоа да ви бида најбитното огледало. Негативните коментари може да ве исфрлат од колосек, но ѕвездите ви шепотат да не се предавате туку секогаш да поведете разговор на таа тема. Подготовката на време води кон нови победи па овие препреки прескокнете ги уште во првите денови на зимата. Интуицијата ќе ви биде поизразена од порано, а на испит е и вашата филозофија на живот, бидејќи од вас веќе подолго време се бара промена.

Бик

Овој земјен знак поминува доста работно низ самиот почеток на зимата, но подоцна ќе се дружи и забавува. Примапри за овој знак во периодот пред нас е дека ќе работи повеќе од обично. На полето на љубовта кое е доста изразено кај Бикот зимата може да донесе голема љубовна приказна. Може да се случи толку многу да се вљубат што ќе ја изгубат главата бидејќи ќе сретнат личност која може за нив да биде фатална. Овде единствено Сатурн може да ја доведе ситуацијата во баланс и да не дозволи претерано да се велича нешто што всушност не е толку силно. Не наѕира голем тест па подгответе се да го полозите. Дружењето е многу битно за вас оваа зима, па искористете го зимскиот годишен одмор убаво да си поминете во одбран круг на луѓе.

Близнаци

Малку полош период се гледа пред вас бидејќи вашата планета Меркур има разронето достоинство. Сите оние шеги и приказни веќе не поминуваат кај луѓето во вашата околина. Потребно ви е големо отрезнување. Веќе имавте вакви аспекти и тоа за вас не е ништо ново. Полното петто поле ве потсетува дека сепак не сте сами и дека можете да очекувате поддршка од партнерот. Многумина од вас не ги држи место и едноставно морате да се занимавате со некакво хоби додека не видите каде води тоа.

Рак

Се стекнува впечаток дека негативните вибрации ви доаѓаат од партнерот и дека тоа се рефлектира на вашата работа.Морате да научите да се носите со предизвикот и да сфатите дека не треба да се преиспитувате туку едноставно да промените некои работи. Имате одлични идеи кои можете да ги искористите во овој зимски период. Внимавајте на помладите машки личности кои може да направат лоѓа атмосфера во вашиот дом со своите постапки. Внимавајте на родителите бидејќи може да бидат сериозно здравствено загрозени. Вам тоа нема да ви падне тешко бидејќи по пророда сте пожртвувани и најголема „мајка“ во своето семејство.

Лав

Ви се смешка период на силна љубовна врска. Прво ќе се вљубите, па потоа ќе почнете да работите со полна пареа на деловен план. Се разбира ќе имате прилика убаво да си поминете за новогодишните празници и тоа на величенствен начин-онака како што вие најдобро умеете. Самиот почеток на годината носи повеќе пари бидејќи дојде часот за наплата, се разбира, во ваша корист.Морате да се чувате од излив на бес од една личност од машки пол. Вие тоа секако нема да го дозволите, бидејќи навреме ќе согледате некои работи. Можеби одненадеж ќе отпатувате. Така е најдобро бидејќи планот не ви донесува ништо посебно. Ќе се почувствувате автентични во своите одлуки.

Девица

Ќе бидете доста среќни на полето на финансиите. Добивката на тоа поле е неминовна. Ќе имате брилијантни идеи и вашиот остар ум може да ве доведе до голем успех на професионален план, посебно ако имате приватен бизнис. Ќе имате доста изненадувања од страна на партнерот. Ваша одлична особина ќе е тоа што страствено ги завршувате работите без некој да ви спомнува било какви рокови. Тоа е вашата тајна која другите се обидуваат да ја копираат.

Вага

Во текот на зимскиот период ќе ве мачи „глад“ на повеќе начини-не само што ќе сакате да уживате во храната повеќе отколку обично, туку ќе имате и порив да заработувате повеќе. Вашето второ поле доста нагласено дава во прилог на претходно реченото. Советот за вас е да се откажете од некое залче бидејќи ќе ставите неколку килограми повеќе. Свеста ви е свртена кон претприемништво, па тука можете да очекувате поволна ситуација која би било добро да ги искористите. Аспектот на тој сегмент говори дека сте насочени кон нешто што долго го чекавте, па можете да имате прекрасни идеи кои ќе ги преточите во нешто мошне корисно.

Скорпија

Вашиот знак има доста предизвикувачки перспективи. Ќе имате енергија повеќе отколку обично, па би било добро што повеќе да се занимавате со зимски спортови. Ќе бидете неодоливи за спротивниот пол. Можно е да имате љубовна врска. Мислите ќе ви ги обземе личност од состството или која е во ваша близина. Ве очекуваат и мали проблеми со финансиите, бидејќи Сатурн прави таква енергија во полето на парите токму кај вас. Сето тоа ќе помине, па научете како да се носите со оваа енергија бидејќи е можно да се повтори во овој циклус. Се свртувате кон домот и семејството заштитнички бидејќи се плашите дена не баш се во најдобар ред. Без грижа можете да се решите од таа функција бидејќи сте предодредени повеќе да се занимавате со финансии отколку со семејсни нешта.

Стрелец

Се водите според интуицијата како да заработите пари. Ќе ви послужи во овој зимски период. Понекогаш ви се чини дека не е толку пријатна ситуацијата низ која минувате, но повторно преовладува оној оптимистички дух како кај ниеден знак од хороскопот. Ѕвездите предупредуваат на можни тајни непријатели кои ќе посакаат дел од вашиот колач. Љубоморните противници ќе се обидуваат да се надмудруваат со вас, па и ако загубите некогаш сфатете го тоа како уште еден предизвик. Старата поговорка има едно начело: Памтете, па вратете.

Јарец

Вие од јануари ќе тежнеете да ги заокружите нештата во својот живот. Ќе имате позитивна енергија, па ќе имате повеќе елан и оптимизам од обично. Искористете го тоа на продуктивен начин бидејќи така ќе ги намалите тензиите во своето опкружување. Темите кои најмногу ќе ви одговараат се пари од клиенти или од други луѓе бидејќи преку работата можете да добиете одлична сатисфакција. Предупредувањата на полето на здравјето ве мотивира да не го запоставувате тој сегмент од вашиот хороскоп бидејќи имате можност тоа лично да го решите токму во зимскиот период. Сите одлуки зависат исклучиво од вас.

Водолија

Она што е актуелно кај вас е можноста за стекнување пари преку пријателски врски и често дружење. Можете да имате поддршка преку шефовите, а особено од лиичност од машки пол кој е доста успешен во работата со која се занимава. Ќе ви пренесе вештини преку кои брзо ќе заземете добра позиција на работното место. Потрудете се тоа да го постигнете бидејќи секоја одлука не зависи од некој друг, туку исклучиво од самите вас. Темите за љубов доаѓаат малку подоцна на ред во вашиот живот бидејќи постојат приоритети.

Риби

Знакот на вечните тајни има можност да почека малку на некои битни нешта, а моментално можат да се одморат за да бидат орни за нови победи. Можно е да заработите пари по извесно време или преку некого во странство, а секако дека сте поврзани со тоа поле кое директно се одразува на вашиот џеб. Нема да има кусок, но се бара разработка на добар план за да се дојде до конкретен успех. Се разбира, ни парите од клиентите во вистинскиот момент нема да недостигаат, бидејќи тоа е жетва од деловните потфати од претходниот период.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb