Кинески хороскоп: Какви ќе бидат децата родени во 2016 – година на мајмунот?

0

Децата кои ќе се родат оваа година ќе бидат родени во кинеската година на мајмунот. Кинескиот хороскоп вели дека личностите родени под овој знак пред се ги краси интелигенција, љубопитност и силно изразена друштвеност.

horoskop

Вашето бебе од прв ден ќе биде енергично и активно. Кога ќе почне да го перципира светот околу себе  веднаш ќе забележите дека копнеат за активност, заба и сите видови на стимулација. Ќе сака постојано да ја забавувате, ќе сака да се дружи и постојано да биде опкружено со луѓе. Вашето дете и во текот на животот ќе привлекува луѓе и постојано ќе биде опкружено со луѓе кои ќе уживаат во негово друштво. Во својот круг на луѓе, личностите родени во годината на мајмунот е вистински ѕвезди, не само поради друштвеноста туку и поради смислата за хумор, остар ум и голема интелигенција.

Децата родени во годината на мајмунот  исто така доста рано си го одредуваат животниот пат. Тие уште од мала возраст знаат што ги интересира и со што сакаат да се занимаваат. Целиот живот веруваат  и имаат самодоверба дека ќе успеат во се што ќе наумат. Уште на најрана возраст почнуваат да освојуваат разни награди и се омилени кај професорите поради нивната иновативност, интелигенција и различни вештини со кои суверено владеат. Малите „мајмунчиња“ не ретко се големи креатици и уметници. Тие се добри правници, новинари, научници, тренери и уживаат во динамични професии. Тие се добри лидери и знаат како да ги придобијат и задржат луѓето.

Тие и тоа како умеаат добро да ги слушаат другите  и сакаат да им помагаат на другите во тешките ситуации. Лесно и брзо изнаоѓаат решенија за проблемите и несебично ги делат со оние на кои им се потребни. Љубезни се, лесно простуваат и секогаш се пријателски  расположени. Чуствителни се на тоа што другите зборатз а нив и леснос е вознемируваат кога ќе добиат негативен коментар или одговор иако тоа често нема да го покажат.

Поради нивната вродена љубопиност постои можност во пубертетските денови да претеруваат со храната и да влезат во лошо друштво па затоа во овој период  родителите на „мајмунчињата“ ќе треба посебно да внимаваат.

Личностите родени во годината на мајмунот низ животот поминуваат со леснотија и не се склони кон болести, доста се успешни во работата и се едни од оние за кои велат  дека имаат среќа во животот.

Позитивности: ентузијазам, самодоверба, друштвеност, интелигенцијата, иновативност, харизма, лојаност, несебичност, желба да помагаат

Негативности: љубомора, сомничавост, итрост, ароганција, егоизам, чувствителност, нетрпеливост.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb