Се очекува снежна покривка до 40 сантиметри

0

Претпладне започнаа првите врнежи од снег, во крајните јужни и југозападни делови од дожд и снег, поради што сообраќајот на одвива по влажни коловoзи и потребна е претпазливост од учесниците во сообраќајот.

Снег со слаб интензитет паѓа во Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен, Железнец, Струмица, Павлешенци, Македонски Брод, Ѓавато, Буково, Плетвар, Пресека, Маврово. Додека посилни врнежи има во Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп и Стража.

На коловозот наместа има остатоци од снег по интервенцијата на екипите од јавното претпријатие „Македонија пат“.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови од земјата, каде на повисоките места ќе се формира снежна покривка над 25 сантиметри, а на повисоките планини и над 40 сантиметри.

Помала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места. Ќе дува слаб, долж Повардарието и во источните делови умерен ветер од југоисточен правец.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи претежно од дожд, само на планините ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а пообилни се очекуваат во западните делови, каде на планините ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка.

kajgana.com

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb