Претставени првите Windows 10 таблети

0

Кинеската компанија Sunty деновиве на настан во Хонг Конг ги претстави своите таблети Q72 и Q82 кои пристигнуваат со прединсталиран Windows 10 Mobile OS, па се првиот уред со најновиот мобилен оперативен систем на Microsoft, по Lumia 950, 950 XL и 550 телефоните.

Q72 е помал, 7-инчен таблет со IPS LCD екран со резолуција од 1280×800, и работи на Snapdragon 210 процесор, а ќе се продава во верзии со 1 или 2GB RAM, и со простор за складирање до 16GB, како и со microSD картичка со проширување. Тука се и Bluetooth, Wi-Fi како и батеријата од 2.800 mAh.

Од задната страна се наоѓа камера од 2 MP, а од предната од 0,3 MP, па ви е јасно дека ова се спецификации за low-end уред.

Помоќниот модел Q82 пристигнува со 8 инчен екран со иста резолуција, 5MP задна камера и батерија од 4000 mAh, и има поддршка за dual-SIM.

Двата уреди ќе се најдат во продажба веќе следната недела, но цената не им е позната.

Кинеската компанија исто така наскоро издава и паметен телефон со Windows 10, за кој наскоро ќе објават повеќе информации.

Сподели.


Остави коментар