Тој има 91, а таа 96 години: По 10 години врска, решил да ја запроси

0
Како што пренесуваат британските медиуми, 91-годишниот Бил ја запросил својата 5 години постара избраничка додека пиеле чај во својот дом во Олдбери.

По една деценија “живот во грев”, Бил Грифитс и Фло Маршалсеј, кои заедно имаат 187 години, одлучиле да ја официјализираат својата врска.

како што пренесуваат британските медиуми, 91-годишниот бил ја запросил својата 5 години постара избраничка додека пиеле чај во својот дом во Олдбери, во централна Англијa.

“Бил ме погледна и ми кажа: Фло, дали сакаш да се омажиш за мене? Одговорив “да” и тој ме бакна”, рекла идната невеста. Таа рекла дека Бил не клекнал, но дека сè било многу романтично.

“Ме изненади, но животот е таков, полн со изненадувања”, додала таа.
Парот одлучил да се венча на 16. јануари во локалната црква во присуство на своите 5 деца, 14 внуци и 7 правнуци.

“Никогаш не сте премногу стари за да се венчате. Стари сте толку колку што се чувствувате стари, а јас воопшто не се чувствувам така. Физички сум стара, но во духот сум млада. Доколку некој ми каже дека сум премногу стара би прошетала до олтарот и би му кажала да не зборува глупости”, рекла Фло, која го запознала Бил во еден ноќен клуб во далечната 1982. година, пренесува Telegraf.rs.

Сподели.


Остави коментар

Feedback

FLYERb