Околу Земјата кружат купишта од отпад: Постои ли решение?

0
Планетата Земја, поточно нејзината орбита е преполна со отпад. Околу нас кружат над стотина илјади парчиња вселенски отпад, остатоци и делови од сателити или ракети коишто сме ги оставиле во орбитата во најразлични мисии, а коишто моментално се движат со брзина од 17.500 метри на час.

Речиси 500.000 парчиња познат вселенски отпад моментално кружи во орбитата и се заканува да ѝ направи катастрофална штета на Меѓународната Вселенска Станица.

Количеството на отпад e значајно зголеменo во 2007-та година после кинеското тестирање на антисателитски проектили. После тој тест, според некои проценки, оставени се околу 150.000 нови парчиња отпад. Голем проблем претставуваат и вселенските незгоди, коишто е речиси невозможно да се предвидат, а после кои во вселената остануваат многу вселенски отпадоци.

Една таква незгода беше сударот на американскиот сателит Иридиум и нефункционалниот руски сателит во 2009-та година.

 

Сподели.


Остави коментар