Ибра Кадабра е на кафе во Штип

0

Златан Ибрахимовиќ, еден од најдобрите фудбалери во светот, се наоѓа во мистериозна посета на Македонија, а фановите веќе почнаа да прават фотографии со него.

Швеѓанецот е во Штип, а забележан е во еден од локалните ресторани. Сместен е вo локален хотел, а според првичните информации ќе остане во нашата земја до вторник. Меѓу оние кои направија фотографија со Ибра е и македонскиот ракометен репрезентативец, Мартин Поповски и  Иван Ангелов.

Што ли бара еден од најдобрите светски голгетери во Македонија? Неофицијално, тој е пристигнат на лов, но сѐ уште нема потврда на оваа информација.

119053-shtip-na-noze-od-nigde-nikade-pristigna-ibrahimovikj 119054-shtip-na-noze-od-nigde-nikade-pristigna-ibrahimovikj

Сподели.


Коментарите се затворени.