Дале отказ, ги спакувале куферите и тргнале во авантура: Овој пар годишно заработува дури 200.000 долари патувајќи низ светот

0

Колет и Скот Столер, брачен пар од Лос Анџелес, решиле да дадат отказ на работа и да тргнат на патување низ светот, а во меѓувреме за објавување на фотографии и видеа на социјалните мрежи и пишување на блогови на интернет станале многу добро платени.

Профилот на Инстаграм го отвориле пред две години, по 7-месечното патување низ светот, кое го платиле со пари кои ги штеделе за нов стан. На крајот од патувањето сфатиле дека имаат многу фанови на социјалните мрежи и тогаш дошле до идејата од номадскиот стил на живот да направат бизнис.

Воспоставиле соработка со туристички агенции, хотели и други компании и планираат патувања кои ги документираат и објавуваат на својата интернет страница и социјалните мрежи. Од еден пост заработуваат до 2.000 долари, а нивната годишна заработка изнесува околу 200.000 долари.

“Мора да знаете дека тоа не доаѓа само од себе. Мора енергично да работите. Ние на секои 50 места добиваме по едно “да””, рекол Скот.

Иако тоа што го работи овој брачен пар за многумина звучи како работа од соништата, Колет истакнува дека таквиот живот не е лесен, бидејќи милиони луѓе се натпреваруваат за ангажман кај истите маркетиншки компании. Бројот на инфлуенсери се зголемува од ден на ден, но мал е бројот на оние кои од тоа можат да живеат убаво.

https://www.instagram.com/p/BckqkVtDy0G/

“Некогаш сме на плажа само момент, додека не ја направиме фотографијата”, рекла Колет за BBC.

Своите патувања Колет и Скот ги планираат според желбите на клиентите, а кога се на патување повеќе од времето го минуваат фотографирајќи се.

https://www.instagram.com/p/BcSolXzjNUs/

Дополнителен проблем е тоа што моментално не постојат никакви правила во оваа индустрија, посебно не кога станува збор за плаќањето.

Исто така, ефективноста на инфлуенсерите е тешко мерлива. Едно истражување покажало дека 38 проценти од брендовите не можат да кажат да ја зголемиле продажбата благодарение на инфлуенсерите, а 86 проценти не знаат на основа на што инфлуенсерите ја пресметуваат вредноста на своите објави.

https://www.instagram.com/p/BcFwihol9uv/

Без разлика на тоа, 75 проценти од нив наредната година планираат уште повеќе да вложат во инфлуенсерите.

“Ако сакате да заработите од оваа работа, мора да бидете неверојатни. Мора да бидете оние кои ќе сопрат нечиј прст додека наутро ги пребарува социјалните мрежи и да го натерате да кликне токму на вашата содржина”.

https://www.instagram.com/p/BbuiEFOjgwN/

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb