Британските власти ја осудуваат компанијата: “Zanco” го претстави најмалиот телефон во светот

0

Поголемиот дел од компаниите кои произведуваат мобилни телефони денес пробуваат да направат уреди со што поголеми екрани, но една компанија решила да тргне по друг пат и да го произведе најмалиот телефон на светот.

Британската компанија “Zanco” тврди дека нивниот телефон наречен “T1” е најмалиот телефон во светот.

Уредот е со димензии 4,82 cm x 2,03 cm x 1,27 cm и корисниците со помош на него можат да телефонираат и да испраќаат пораки, но ништо повеќе од тоа, пишува “Daily Mail”.

Меѓутоа, иако овој телефон сè уште не е достапен за купување, британските власти ја осудуваат компанијата која го направила бидејќи тврдат дека минијатурните телефони можат лесно да се прошверцуваат со оглед на тоа што не се гледаат на скенерите.

“Zanco T1” тежи само 13 грама и има минијатурен екран и тастатура.

“Горди сме што го претставивме најмалиот телефон на светот. Толку е тенок што нема да верувате дека е вистински”, навела компанијата на сајтот “Kickstarter”.

Компанијата тврди дека нивниот телефон е идеален за спортисти бидејќи може да се носи во било кој џеб.

Телефонот работи на 2G мрежа и има батерија која трае три дена. Со најмалиот телефон на светот можете да зборувате 180 минути пред да се испразни батеријата.

Се очекува “T1” да се најде во продажба во мај следната година, а цената ќе изнесува околу 50 долари.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb