Одличен изум: Чевли кои им помагаат на лицата со Паркинсонова болест полесно да се движат

0

Универзитетот од холандскиот град Твенте креирал чевли кои им помагаат на лицата кои страдаат од Паркинсонова болест полесно да се движат.

Чевлите имаат вградени ласери кои им помагаат на заболените лица да се движат во ситуации кога станувањето и движењето е оневозможено.

Овој момент е познат како “момент на вкочанетост”, а истиот може да трае помеѓу неколку секунди и неколку минути. Во тој период може да се случи лицето кое боледува од Паркинсонова болест да изгуби рамнотежа и да падне.

Меѓутоа, преку истражувањето е утврдено дека доколку лицето има нешто на кое може да се фокусира, како пукнатина во бетонот или нешто слично, може да дојде до разбивање на тој момент и лицето да продолжи со нормалното движење.

Со оглед на тоа што не секогаш се наоѓаат вакви “одвлекувања на вниманието” на кои личноста би можела да се фокусира, на сцената настапуваат овие чевли со вградени ласери.

Ласерите емитираат светлина на неколку центиметри пред личноста и ѝ помагаат да се фокусира на тоа место со цел да може да направи чекор и да продолжи нормално да се движи, пишува “TechCrunch”.

Ласерските светла се вклучуваат само кога лицето ќе застане во место.

Холандскиот универзитет кој ги направил овие чевли утврдил дека тие им помогнале на многу лица нормално да се движат и да го избегнат моментот на вкочанетост во место.

Погледнете го видеото:

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb