Луда теорија која ги надминува сите граници: “Нашата планета е шуплива, во нејзината утроба живеат вонземјани, нацисти и Викинзи”

0

Псевдонаучната теорија за Земјата како рамна плоча не е единствената од ваков вид. Имено, постојат и заговорници на сосема спротивна теорија според која нашата планета е шуплива, а во нејзината внатрешност се наоѓа “рајска градина”.

Постои голема заедница на луѓе кои веруваат дека во шупливата внатрешност на Земјата живее хетерогенo општество, сочинето од супериорни вонземски суштества, Викинзи и нацисти.

Поборниците на теоријата за “шуплива планета” веруваат дека во внатрешноста на планетата живеат суштества кои се во улога на “чувари на планетата” и кои ги набљудуваат жителите на Земјата со цел да не дојде до меѓусебно истребување со нуклеарно оружје. Истите тие теоретичари на заговор веруваат дека во оваа огромна шуплина живеат и Викинзи, како и бесмртни нацисти кои се засолниле на ова место по Втората светска војна.

Еден од водечките заговорници на оваа псевдонаучна теорија, Родни Клаф, вели дека ова движење има илјадници следбеници и дека бројот постојано расте.

Клаф е толку уверен во оваа теорија во која постои “рај со сопствен соларен систем” што во 2007 година организирал патување во средиштето на Земјата преку еден од влезовите кој наводно се наоѓа на Северниот пол. Експедицијата би требало да изнесува 15 илјади фунти, но на крајот сепак била откажана. Освен наводниот влез на Северниот пол, тие тврдат дека постои уште еден влез кој се наоѓа на Хималаите.

За вонземјаните кои живеат во внатрешноста на Земјата, Родни Клаф тврди дека тие редовно ги шпионираат жителите кои живеат на површината на планетата по пат на летала и НЛО.

“Тие нè држат под контрола бидејќи сакаат да спречат нуклеарна катастрофа. Поголемиот дел од летечките објекти всушност доаѓаат од внатрешноста на нашата планета”, тврди Клаф.

Во текот на 1811 година, норвешкиот морнар Олаф Џенсен тврдел дека запловил во внатрешноста на Земјата преку Северниот пол и дека таму затекнал рај во кој, заедно со татко му, живеел дванаесет години. Според неговите зборови, луѓето кои живееле таму биле високи 3,5 метри и биле имуни на болести.

“Градот се наоѓа во една прекрасна долина која е всушност сместена на највисоката планина на внатрешниот континент”, изјавил подоцна норвешкиот морнар.

Современата наука, секако ја отфрла оваа теорија.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb