Протекла страшна снимка од крвникот од Санкт Петербург: Еве како била активирана бомбата во Супермаркетот

0

Се верува дека експлозијата во супермаркетот, во која биле повредени 13 лица во Санкт Петербург, ја предизвикала домашно изработена бомба со шрапнели.

Утрово била објавена снимка од надзорните камери на која се гледа како осомниченото лице ја активира експлозивната направа.

На видеото може да се види како мажот со ранец на рамото влегува во продавницата и истиот го остава во шкаф.

Само 30-тина секунди подоцна, мажот чие лице не се гледа јасно, ја напушта продавницата без ранецот. Половина час подоцна дошло до експлозија во која биле ранети 13 лица.

Путин: “Убијте терорист ако пука во вас, експлозијата во Санкт Петербург е терористички чин”

Претседателот на Русија, Владимир Путин, експлозијата во продавницата во Санкт Петербург ја нарекол терористички напад и рекол дека и наредил на Сојузната безбедносна служба – FSB, да се однесува во склад со законот при апсењето на криминалците, но во случај да го загрозуваат животот на припадниците на законот, не треба да бидат уапсени, туку застрелани на самото место.

“Извршен е терористички напад вчера во Санкт Петербург. Му дадов инструкции на директорот на ФСБ да се однесува исклучиво во склад со законот кога се апсат терористи. Меѓутоа, доколку се појави опасност по животите и здравјето на нашите вработени, нашите офицери, да се однесуваат одлучно, односно да не апсат, туку да го елиминираат напаѓачот на самото место”, рекол Путин.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb