Меси е најплатена јужноамериканска ѕвезда во светот

0

Лионел Меси заработил најмногу пари од сите јужноамерикански ѕвезди од естрадата и спортот, процени угледниот магазин „Форбс“ кој тврди дека Аргентинецот заработил 80 милиони долари во периодот кој е земен предвид.

Фудбалерот на Барселона е најдобро платен Латиноамериканец, а стигна до четиринаесеттото место во генералниот пласман. Во однос на конкуренцијата од Јужна Америка, Меси зад себе ги остави комичарот Луис СиКеј кој заработил 52 милиони и холивудската актерка Софија Вергара која се наоѓа на третото место со заработени 41,5 милиони долари.

Зад Меси се и ѕвезди како Џенифер Лопез, Бруно Марс и Нејмар кој е на шестата позиција со 37 милиони долари.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb