Поради популарна апликација полицијата се реши на радикален потег: Ќе ги блокира улиците!

0

Апликацијата “Waze” на возачите им помага да пронајдат алтернативни патишта со цел да го избегнат сообраќајниот метеж, но поради тоа сега се појавува нов проблем – се создава метеж на помалите патишта.

Израелската компанија “Waze” минатата деценија започна со развој на апликација која што требаше да го подобри искуството на возењето и на возачите да им помогне во избегнувањето на сообраќајниот метеж.

Идејата го привлече вниманието на најголемите светски компании, па во 2013-та година Google го доби дуелот со Facebook и за околу една милијарда долари го купи “Waze”. Оваа апликација за кратко време стана популарна меѓу возачите затоа што врз темел на информациите за состојбата на патиштата како и информациите кои што ги пријавуваат самите возачи, даваше предлог со алтернативни рути каде што има помал метеж.

Меѓутоа, со растот на популарноста на “Waze”, се појави друг проблем – се создаде метеж на алтернативните патишта кои што често се патишта кои што не се предвидени за толку многу автомобили.

Поради тоа, властите на Њу Џерси се соочуваат со голем проблем, поточно градските власти на малото градче Леони каде што “Waze” апликацијата започнала да носи огромен број на возила иако патиштата не биле предвидени за толку голем број и со тоа да го прави животот на локалните жители неподнослив.

За да го решат проблемот со “Waze”, челниците на овој град заедно со полицијата, се одлучија на необичен потег – за време на најголемиот метеж тие ќе забранат минување на автомобили кои нема да бидат на локалните жители. За полициските службеници да знаат за кого станува збор, „локалните“ автомобили ќе добијат посебни налепници, а на другите ќе им биде збрането минување низ градот.

Додека на социјалните мрежи се води расправа дали ова е добар потег затоа што се забранува возење на јавни патишта, од “New York Times” велат дека ова не е единствениот град во САД кој што има проблем со зголемен сообраќаен метеж поради “Waze”, а претставници на едно предградие во Тел Авив дури и ја тужеле компанијата поради истиот проблем.

Забраната на за возење во Леони стапува на сила во јануари, па ќе биде интересно да се види како апликацијата ќе го реши овој проблем и дали поради забраната „ќе настрада“ некој друг помал град.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb